Утрински Весник
Македонија

Левица со филибастер против измените на ДПМНЕ за скандалозни концесии и легализација на упад во приватен имот

Image 2026 04 23 123348718.png

На денешната прес-конференција, координаторот на пратеничката група на Левица, Борислав Крмов, истакна дека Левица ќе пристапи кон филибастер на Комисијата за економија со цел да ја развлече постапката и да ја алармира јавноста за исклучително штетните предлог-закони за концесии и јавно-приватно партнерство и за минерални суровини.

Крмов нагласи дека со предложените измени се отвора простор приватни фирми сами да иницираат јавно-приватни партнерства и потоа, преку формални механизми, да ги добиваат тендерите, што претставува нов модел за легализирање на однапред наместени зделки. 


Дополнително, измените во Законот за минерални суровини овозможуваат концесионери да добиваат дозволи за експлоатација без решени имотно-правни односи, односно со едноставна иницијатива за експропријација да навлезат и да експлоатираат на приватен имот.

Ова во пракса значи дека граѓаните можат да се разбудат и да затекнат експлоатација на сопствениот имот врз основа на едно обично лифче хартија, а дополнително проблематично е што овие решенија би важеле и ретроактивно за веќе започнати постапки. Ваквата измена е наменета и за конзорциумот „Бехтел и Енка” – договор кој ДПМНЕ во опозиција жестоко го критикуваше, а сега го надградува со скандалозни измени!

Крмов потенцираше дека станува збор за измени кои директно ги нарушуваат темелните уставни вредности, владеење на правото и заштита на сопственоста и најави дека Левица ќе ги искористи сите правни механизми, вклучително и иницијативи до Уставниот суд, со цел нивно оспорување:

„Не само што немаме правна заштита на сопственоста, излегува дека според ДПМНЕ не сме ние луѓето сопственици на имотот, туку ние сме сопственост на странските корпорации”!

Можете да прочитате

Тешко повреден велосипедист на крстосница на „Партизанска“

Јаневска за незаконските уписи на Филозофскиот факултет: Сериозно ќе го разгледам извештајот и ќе постапам како што одлучил Инспекторатот

Приведени двајца романски државјани, измамиле баба, и одзеле пари и златен накит