Утрински Весник
Скопје

Ѓорѓиевски: „Скопје – европска престолнина на културата 2028“ да биде трајна промена во начинот на кој се разбира, управува и живее градот

Image 2026 04 23 124702087.png

Културата мора да стане двигател на урбаната трансформација и трајна основа за развојот на градот – порача градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, на свечениот настан „Скопје – Европска престолнина на културата 2028: Обликување на иднината на Скопје – Култура, урбани политики и одржливи европски градови“ во рамките на Скопје – Европска престолнина на културата 2028.

Во својот говор, тој ја нагласи историската можност што ја носи титулата и повика културата да се разбере како јавна инфраструктура, а не како украс.


-Што навистина значи Скопје да биде Европска престолнина на културата? Дали тоа значи само една година исполнета со настани? Или, како што значи за мене, нешто многу подлабоко – можност културата да стане трајна трансформација, јавна трансформација на инфраструктурата на градот, двигател на урбаниот развој, средство за социјална кохезија, извор на нова економија и основа на нов урбан идентитет – истакна Ѓорѓиевски.

Градоначалникот потсети и на солидарноста по земјотресот во 1963 година, нагласувајќи дека тоа наследство мора да се претвори во современа сила за обнова на јавниот интерес и довербата во институциите.

-Ако во 1963 година солидарноста значеше обнова на разрушениот град, тогаш денес таа мора да значи обнова на јавниот интерес, на довербата во институциите, на културниот живот, на чувството на припадност и на правото на секој граѓанин да учествува во создавањето на својот град – порача тој.

Ѓорѓиевски ја нагласи и потребата културата да се поврзе со секојдневниот живот на граѓаните:

-Добар град не е само град со настани. Добар град е град во кој човек сака пред сè да остане. Град во кој јавните простори се безбедни, зелени, достапни и креативни. Град во кој културата не е луксуз, туку дел од неговото секојдневие – рече тој.

Со визија за Скопје како жив град, градоначалникот заклучи дека титулата Европска престолнина на културата не смее да биде само едногодишна прослава, туку трајна промена во начинот на кој се разбира, управува и живее градот.

Можете да прочитате

Герасимовски: Нова градинка кај Клинички, силна инфраструктурна динамика и богата програма за јубилејот на Центар

Гeрасимовски: Центар сам ќе се  грижи за хигиената, доколку Градот нема решение

Без струја делови од Карпош и Гази Баба