Утрински Весник
Спорт

Леброн и Јанис капитени, Никола Јокиќ по петти пат дел од НБА ол-стар викендот

Леброн и Јанис капитени, Никола Јокиќ по петти пат дел од НБА ол-стар викендот

Кошаркарот на Денвер Нагетс, Никола Јокиќ, ќе биде стартер во тимот на Западот на претстојниот НБА ол-стар викенд. Србинот по петти пат во кариерата ќе учествува на мечот на „сите ѕвезди“, а капитен на неговиот тим ќе биде Леброн Џејмс од Лос Анџелес Лејкерс, кој доби најмногу гласови. Тоа ќе биде рекорден 19. настап за Леброн на Ол-стар натпреварот.

dobivaj vesti na viber

Јокиќ, кој двапати последователно е МВП во лигата, оваа сезона има просек од 25,1 поен, 11 скока и 9,9 асистенции.

 

Стартери на Западот ќе бидат уште Лука Дончиќ (Далас), Стеф Кари (Голден Стејт) и Зион Вилијамсон (Њу Орлеанс).

Истокот со капитенската лента ќе го предводи Јанис Адетокумбо од Милвоки, а во стартниот состав се уште Џејсон Тејтум (Бостон), Кевин Дурент (Бруклин), Кајри Ирвинг (Бруклин) и Донован Мичел (Кливленд).

Раководството на лигата пред неколку дена објави дека според новиот формат капитените на тимовите ќе ги изберат преостанатите играчи непосредно пред почетокот на натпреварот.

Ол-стар натпреварот ќе се одигра на 19 февруари во Солт Лејк Сити.

Можете да прочитате

Леброн: Јокиќ е еден од најдобрите на сите времиња

Ферстапен на пол-позицијата во Кина, Хамилтон ќе стартува од 18.место

Пиоли ќе добие отказ, постои список со пет имиња за негов наследник