Утрински Весник
Магазин

Вил Смит ќе глуми во филм на „Дизни“

Вил Смит ќе глуми во филм на „Дизни“

Актерот Вил Смит ја доби својата прва улога по минатогодишниот скандал на „Оскарите“ кога излезе на сцената и му удри шлаканица на комичарот Крис Рок затоа што тој се пошегува на сметка на неговата сопруга Џејда Пинкет Смит.

dobivaj vesti na viber

Смит е избран за продолжението на Дизниовиот филм за Аладин и ќе го глуми џинот од ламбата. Снимањето треба да почне кон крајот на годината, а сè уште се работи на сценариото.

„Ова ќе биде први филм со Вил по оскаровската шлаканица и вистинско изненадување е што ќе биде во филм наменет за деца. Тој цело ова време напорно работи на себе и се надева дека шлаканицата сега е веќе минато“, изјавија од „Дизни“, пренесува британски „Сан“.

„Првиот филм беше многу успешен и би било лудо да не се направи продолжение, а уште поголем срам ќе биде некој друг да глуми на местото на Вил поради инцидентот на ‘Оскарите’. ‘Дизни’ ќе застане зад Вил и ќе го врати на големото платно“, изјавија од компанијата.

Првиот дел од Аладин заработи повеќе од 900 милиони евра, а го режира Гај Ричи. Заедно со Вил, во филмот глумеа Мена Масуд, која го глумеше Аладин, и Наоми Скот, која ја глумеше Јасмин.

Можете да прочитате

Пет тајни за подобро здравје, подолг живот и младешки изглед

Култното дуо Мекартни-Ленон се обнови: Синовите на славните Битлси објавија песна

НАСА повикана да се вклучи во потрага по чудовиштето од Лох Нес