Утрински Весник
Свет

Лавров: Кина го предложи досега најразумниот мировен план за конфликтот во Украина

Lavrov 768x475 1.jpg

Кина го предложи досега најразумниот мировен план за конфликтот во Украина, изјави во четвртокот рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

Пред повеќе од една година, Пекинг предложи план од 12 точки со општи принципи за ставање крај на конфликтот, но без да објасни како тие ќе бидат спроведени. Во тоа време, предлогот наиде на млаки реакции од Русија и Украина, а САД тврдеа дека Кина се претставува како миротворец, но го одразува рускиот „лажен наратив“ и не ја осудува нејзината инвазија.

„Најважно за нас е кинескиот документ да се заснова на анализа на причините за тоа што се случува и потребата да се елиминираат тие причини. Тоа е структурирано логично, од општото до специфичното“, ја цитира руската новинска агенција РИА изјавата на Лавров.
„Тој план беше критикуван дека е премногу нејасен, но тоа е разумен план што големата кинеска цивилизација го предложи за дискусија“, додаде тој.

Шефот на руската дипломатија наскоро треба да се сретне со својот кинески колега, а претседателот Владимир Путин минатиот месец изјави дека размислува за посета на Кина како прво патување во странство во неговиот нов шестгодишен мандат.

Русија тврди дека е подготвена да преговара со Украина, но нагласува дека овие разговори мора да се засноваат на „новите реалности“ на теренот, каде руските сили контролираат нешто помалку од една петтина од територијата на Украина, а Москва тврди дека четири освоени региони се нејзини .

Украинскиот претседател Володимир Зеленски предложи својот план, кој вклучува прекин на непријателствата и целосно повлекување на руската армија од окупираната територија.

Пофалувањето на планот на Кина и овозможува на Москва да изгледа подготвена да преговара, а истовремено ја напаѓа иницијативата на Зеленски, пишува Ројтерс. Швајцарија најави дека ќе биде домаќин на конференција по предлог на украинскиот претседател, но Русија ја нарече бесмислена и рече дека е осудена на пропаст без учество на Москва.

Можете да прочитате

Макрон им посака добредојде на светските лидери кои присуствуваат на отворањето на ОИ

Канада, Австралија и Нов Зеланд бараат од Израел веднаш да ги прекине операциите во Газа

Meta затвори 63.000 профили на Instagram поврзани со измама и уцена