Утрински Весник
Свет

Голема акција на Европското јавно обвинителство: Уапсени 23 лица за кражба на 600 милиони евра ЕУ пари

62a7bdc9b6e5e5749891bebf941f7917.jpg

По наредба на Европското јавно обвинителство (ЕППО) во Италија, Австрија, Романија и Словачка се уапсени дури 23 ЛИЦА под сомнение дека го измамиле Европскиот фонд за закрепнување и отпорност (ЕРФ) за 600 милиони евра.

Акцијата ја водела канцеларијата на европското обвинителство во Италија, која во соработка со финансиската полиција замрзнала средства во вредност од над 600 милиони евра, точно онолку колку што се сомничи дека се незаконски повлечени од РРФ. Запленети се и величествени вили и апартмани, значителни количини криптовалути, врвни Ролекс часовници, накит (Картие), злато и луксузни автомобили, меѓу кои Ламборџини Урсус, Порше Панамера и Ауди Q8.

Осуммина осомничени завршија во истражен затвор, а на 14 им е одреден домашен притвор. Меѓу осомничените има и сметководител кому му е забрането да врши дејност.

Засега официјално е потврдено дека судските наредби се користени за претрес на домови и деловни простории на осомничените кои, тврди ЕЈПО, развиле синџир на измами за да добијат средства од Националниот план за закрепнување и отпорност на Италија, дел на РРФ кој е главниот столб на планот закрепнување.

Се сомнева дека парите се извлекувани преку проекти чие финансирање барале фирми кои постоеле само на хартија. Тие служеле само за изработка на потребната документација, без никакви конкретни активности. Меѓу осомничените, како што се дознава, има и лица кои веќе имаат големо криминално досие.

Инаку, преку планот NextGenerationEU, главно се нудеа средства за компаниите да го финансираат нивното закрепнување по излегувањето од пандемијата. Обезбедени се и средства за еколошки проекти, како и за дигитализација.

Во конкретниот случај се барани бонуси за фасади и средства за капитализација на компанијата. Инволвираните фирми биле претежно од градежниот сектор, а за да се сокрие трагата на парите, заедно со италијанските фирми, во измамата учествувале и фиктивни фирми од Австрија, Словачка и Романија.

Можете да прочитате

Макрон им посака добредојде на светските лидери кои присуствуваат на отворањето на ОИ

Канада, Австралија и Нов Зеланд бараат од Израел веднаш да ги прекине операциите во Газа

Meta затвори 63.000 профили на Instagram поврзани со измама и уцена