Утрински Весник
Македонија

СВР Охрид ќе поднесе кривична пријава против полициски службеник

No .webp.webp

На 29.03.2024 вработени во Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР извршиле контрола на работното место на полицискиот службеник А.М. од Полициската станица Охрид, обезбедување на вила Бела, сопственост на Министерството за внатрешни работи. Притоа, на работната маса во стражарската куќа биле пронајдени бела прашкаста материја, шише исполнето со течност и други предмети со остатоци од бела прашкаста материја. После тоа, А.М. одбил да соработува и не дозволил да му биде извршено испитување за присуство на метаболити од наркотични средства во урината во Институтот за судска медицина во Скопје.

Исто така, при контролата било констатирано дека А.М. ја преземал смената од С.Т. без да извршат примопредавање, при што С.Т. во објектот го оставил своето формациско оружје со полна рамка со муниција и останата службена опрема за обезбедување на објектот, оставајќи го клучот од просторијата во близина на објектот.  

Против А.М., Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди поднесе предлог за поведување на постапка за кршење на работниот ред и дисциплина по член 210 став 1 точка 10 од Колективниот договор на МВР и ќе бидат изречени задолжителни мерки за отстранување од работно место поради оневозможување на утврдување на одговорност за повреда на работните обврски по член 214 став 1 алинеја 3 од Колективниот договор на МВР.

Против С.Т.,  Одделот за внатрешна контрола ќе поднесе предлог за поведување на постапка за кршење на работниот ред и дисциплина по член 210 став 1 точка 10 од Колективниот договор.  
Исто така, во врска со настанот и по негово целосно документирање, против полицискиот службеник А.М., СВР Охрид  ќе поднесе соодветна кривична пријава.

Можете да прочитате

Ковачевски: Со ВМРО ДПМНЕ повторно ќе заглавиме во изолација

ДКСК препорача АСЈО да ја стави во мирување постапката за прием на 130 слушатели

Маричиќ: Важна промена, државните енергетски компании ќе станат сопственост на граѓаните