Утрински Весник
Свет

Лавров: Европа ја загуби независноста

Лавров: Европа ја загуби независноста

Заедничката декларација за соработка меѓу Европската Унија и НАТО ја става Европа во подредена позиција во однос на алијансата, изјави рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров.

dobivaj vesti na viber

„Европа ја загуби независноста. Заедничката декларација за соработка меѓу ЕУ и НАТО јасно ја става Европа во подредена позиција во однос на Северноатлантскиот сојуз“, рече Лавров на прес-конференција за дипломатските активности на Русија во 2022 година.

Според него, декларацијата ги содржи обврските на Европејците да им служат на интересите на САД во однос на геополитичкото ограничување на Русија и Кина.

Лавров ги нарече апсурдни мировните иницијативи што ги претстави украинскиот претседател Володимир Зеленски. Според него, преговорите со Зеленски за неговите иницијативи се невозможни.

Тој потсети дека Зеленски законски забранил преговори со руските власти.

На крајот на декември Лавров истакна дека Москва нема да преговара според условите наведени во „мировната формула“ на Зеленски и дека режимот во Киев не е подготвен за дијалог. Лавров посочи дека целите на специјалната воена операција не се измислени, туку одредени од интересите на руската безбедност.

„Рускиот претседател Владимир Путин повторно потврди дека специјалната операција има цели што не се измислени, туку одредени од легитимните и основни безбедносни интереси на Руската Федерација, рече Лавров, пренесе „Блиц.рс“.

Можете да прочитате

Столтенберг: Русија да дозволи инспекција на нуклеарни постројки

Германија одобри испраќање постари тенкови во Украина

Вучиќ: Србија не сака да влезе во НАТО, но љубоморно ја чува својата воена неутралност