
Метео анализа на Славчо Попоски:
Под влијание на ладен атмосферски фронт кој се спушта од север кон Македонија, до крајот на денов и во текот на ноќта кон утрешниот ден и утре во текот на целиот ден среда 22 април 2026 во Македонија времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд кои повремено и локално ќе бидат пообилни и поројни проследени со грмежи и со повремено силен ветер (до околу 60 км/час) во форма на невреме.
За време на овој период локално ќе наврне поголемо количество на дожд (над 30 литри на метар квадратен дожд).
Ќе дува умерен, а повремено засилен ветер денес од западен и од северозападен правец а утре среда 22 април 2026 од северен правец.
Поради поголемото заладување на времето кое го очекувам во текот на ноќта кон утрешниот ден и утре во текот на денот (среда 22 април 2026) на планините над 1300/1400 метри надморска височина ќе има врнежи од снег и ќе се формира снежна покривка.
Во Скопје и околината за време на погоре споменатиот период ќе има повремени врнежи од дожд кои повремено и локално ќе бидат пообилни и поројни а ќе има услови и за појава на ретки грмежи. Повремено ќе дува засилен ветер денес од северозападен правец а утре среда 22 април 2026 ветерот ќе биде од северен правец.
Денес максималните дневни температури на воздухот во Македонија ќе се искачуваат во интервалот од 13 до 20 степени а во Скопје и околината максималната температура денес ќе се искачи до околу 14 степени. Утре среда 22 април 2026 наутро температурите во Македонија ќе се искачуваат во интервлот 3 до 10 степени а во Скопје и околината минималната температура ќе се спушти до околу 8 степени.
Максималните дневни температури на воздухот утре среда 22 април 2026 во Македонија ќе бидат под просекот за месец април и ќе се искачуваат во интервалот од 9 до 18 степени а во Скопје и околината максималната температура ќе се искачи до околу 16 степени.
Да напоменам дека на планинските и на Скијачките места утре среда 22 април 2026 температурите и преку денот ќе се задржат околу нулата а на планините со поголема надморска височина тие ќе останат под нулата.

