Утрински Весник
Свет

Лајчак по средбата со Курти: Очекувавме поголемо разбирање за предлозите

Лајчак по средбата со Курти: Очекувавме поголемо разбирање за предлозите

Специјалниот пратеник на ЕУ за дијалог меѓу Косово и Србија, Мирослав Лајчак, средбата со премиерот Аљбин Курти ја нарече отворена и искрена, но додаде дека таа не била лесна и дека меѓународната делегација очекува поголемо разбирање за предлозите што ги презентирала, пишува „Косово онлајн“, пренесува приштинска „Коха“.

dobivaj vesti na viber

Лајчак додаде дека во фокусот на разговорите бил европскиот предлог за нормализација на односите меѓу Косово и Србија.

„Целта на средбата беше да се разговара за предлогот за нормализација што му го презентиравме во септември, а потоа во декември. На состанокот бевме повеќе од два часа, што значи дека средбата не беше лесна, беше долга, но многу отворена и искрена. Рано е да се даде каква било драматична изјава бидејќи сме на средина на мисијата и ќе продолжиме во Белград. Не можам многу да кажам“, изјави Лајчак.

Лајчак повтори дека немало многу разбирање од косовска страна за предлогот изнесен на средбата.

„Очекувавме подобро разбирање на можностите што ги нуди овој предлог. Се надевам дека ќе пристигнеме и ќе го искористиме целиот потенцијал на овој предлог“, рече тој.

Можете да прочитате

Српски сеизмолог: Секоја активност на анадолската плоча предизвикува активност и на Балканот

И Грција подаде рака за помош на Турција

Кадиров: По Украина, Полска е на тапет