Утрински Весник
Македонија

Кузеска: Пецаков доделил пари на клуб кадешто е основач, нов скандал со градоначалниците на ДПМНЕ?!

Богданка Кузеска прес

Интегрален текст од прес-конференција на Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ:

На повидок е нов скандал во општините под капата на ДПМНЕ.

Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, доделил пари на ракометен клуб во кој самиот тој е основач.

Над 250 илјади евра се исплатени на ГРК Охрид од општина Охрид како директна поддршка.

Овие суми ги потврдува и Службениот гласник на општина Охрид број 14 од 28.12.2023 година.

Сопственик на ГРК Охрид АД Охрид е РК Охрид 2013 каде основач на ракометниот клуб е токму градоначалникот Кирил Пецаков.

Значи Пецаков преку општината индиректно си префрла пари на самиот себе си!?

Директор на ГРК Охрид е Славчо Ристески, десна рака на градоначалникот Пецаков, воедно вработен во ЈП Охридски комуналец.

Дали е ова случај на судир на интереси треба да утврди Државната комисија за спречување корупција.

Надлежно обинителство пак треба да утврди дали е прекршен кривичниот законик бидејќи градоначалникот доделил средства на клуб којшто е токму тој основач.

Сите аспекти треба да се утврдат затоа што постои основано сомневање дека на ваков начин може да се испумпуваат пари на граѓаните и потоа да се злоупотребуваат.

Нема општина во државата која е водена од ДПМНЕ а за која нема скандал поврзан со финансиите, јавните набавки и парите на граѓаните.

Ништо не е сменето во ДПМНЕ.

Можете да прочитате

Засилен интензитет на тактичките активности на Лесната пешадиска баталјонска група во рамки на вежбата „БЛЕСОК 26″

Спорните кашички на HiPP ги нема во Македонија, велат од АХВ

Скопски таксист „одрал“ странски турист – 7.800 денари од Центар до Средно Водно