Утрински Весник
Македонија

Кумановец со нож го уби татка си

Кумановец со нож го уби татка си

Семејна трагедија попладнево се случи во кумановската населба Иго Тричковиќ откако син си го уби сопствениот татко.

dobivaj vesti na viber

Четириесетгодишен кумановец со нож го нападна 65-годишниот татко, кој подоцна им подлегна на повредите, информираат од кумановската полиција.

„Полициски службеници од СВР Куманово околу 16 часот го приведоа Б.Ј.(40) од Куманово поради сомнение дека околу 15 часот во Куманово, со нож го нападнал својот татко С.Ј.(65), кој им подлегнал на повредите“ – информираат од МВР.

Оттаму додаваат дека полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

Можете да прочитате

Земјотрес попладнево во Македонија – 24info.mk

За седум месеци Македонија ја посетиле над 740.000 туристи

Платформата 12:05: Филипче не го претставува членството на СДСМ