Утрински Весник
Македонија

Крвава пресметка во Идризово: Двајца затвореници во болница, меѓу тепачите и осудени за Диво Насеље

Крвава пресметка во Идризово: Двајца затвореници во болница, меѓу тепачите и осудени за Диво Насеље
Ss2

Двајца затвореници од затворот „Идризово“ завршија во болница, по тепачка помеѓу две групи. Хаосот настанал во затворениот дел на установата, каде се степале две групи на затвореници. Според извори на „Макфакс“, во насилството учествувале и осуденици од случајот Диво Насеље.

dobivaj vesti na viber

„Во СВР Скопје било пријавено дека во Казнено-поправната установа Затвор Идризово, во дворот од затвореното одделение, настанал физичка пресметка помеѓу две групи затвореници. Притоа, со повреда од остар предмет се здобил осуденикот Н.М.(44) од с.Черкези, кумановско, кој бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ и Р.К.(33) од с.Челопек, тетовско, кој се здобил со повреда од тврд предмет и бил пренесен во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ за укажување на помош“, велат од МВР за „Макфакс“.

300x250 (7)

Изминатите месеци, затворот „Идризово“ го следат низа скандали. Од тепачки, до избодени затвореници, измами. Најголемиот беше бегството на Беким Мемети, за кое осомничени се затворски полицајци и командир.

Ss1

Можете да прочитате

Мицкоски: Бранот на промени ќе ја порази оваа власт

Битиќи: На 8 мај гласовите се бројат од нула

Јакимовски: Власта секогаш ги опијанува ВМРО-ДПМНЕ