Утрински Весник
Македонија

Кривична и притвор за раководител на образовен центар во Штип, допирал по телото ученички

Policija 4.jpg

На 11.05.2026 во 19:50 часот во Штип, полициски службеници од Отсекот за криминалистичка полиција при СВР Штип го лишиле од слобода А.Ш.(65) од Штип. Тој се сомничи дека како управител на образовен центар во Штип, за време на одржување на дополнителна настава, подолг период допирал по телото неколку малолетни ученички. Настанот во полициска станица го пријавиле родители во присуство на ученичките и на претставници на Јавната установа – Меѓуопштински центар за социјални работи Штип.

Со судска наредба извршени се претреси во неговиот дом и во образовниот центар и одземени се предмети за понатамошна постапка.А.Ш. бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него е поднесена кривична пријава, а од судија на претходна постапка му е определена мерка притвор од 30 дена.


Можете да прочитате

Поднесена кривична пријава за опожарувањето на дипломатските возила во Скопје

Муцунски во работна посета на Даблин, Ирска

АХВ врати 23,6 тони пилешко месо произведено во јануари 2025 година