Утрински Весник
Магазин

Криси Тајген и Џон Леџенд добија четврто дете преку сурогат

Криси Тајген и Џон Леџенд добија четврто дете преку сурогат

Манекенката Криси Тајген и сопругот музичар Џон Леџенд го дочекаа своето четврто дете.

dobivaj vesti na viber

„Нашите срца и нашиот дом се полни“, напиша Криси по повод убавата вест.

Врен Александар Стивенс е роден на 19 јуни, а Криси веста ја сподели во средата на „Инстаграм“. Новото бебе е четврто дете на парот и прво родено преку сурогат.

Во својата најнова објава на „Инстаграм“, таа вели дека отсекогаш сакала четири деца.

„Откога знам за себе, отсекогаш сум сакала четири деца,“ напиша Криси (37) , додавајќи дека не била сигурна дали некогаш ќе може повторно да носи дете откако доживеа спонтан абортус за време на бременоста во 2020 година.

„Откако го изгубив Џек, не мислев дека ќе можам сама да носам повеќе бебиња. Во 2021 година, се обративме до агенција за сурогат мајчинство. Во првата кореспонденција прашуваа дали можеби сакаме 2 тандем сурогати, за секоја да ни донесе здраво момче или девојче.“

Леџенд (44) ја одбележа радосната вест со објавување фотографија од него и нивните деца на „Инстаграм“, а во описот напиша: „Врен Александар Стивенс, нашата нова љубов“.

 

Можете да прочитате

Истражување: Засладувачот ксилитол го зголемува ризикот од мозочен, срцев удар и смрт

Богатите повеќе не купуваат само статус, туку здравје, време и долговечност

Избрана погрешна девојка на изборот за „Мис универзум на Хаити 2026“