Утрински Весник
Македонија

Криминалец од Шишево приведен за издржување затворска казна

1707216064 1.webp.webp

Денеска (16.06.2024) во 03.30 часот во с.Шишево, скопско, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Џ.С.(25) од с.Шишево.

Тој бил баран по централна потерница врз основа на судска наредба за издржување казна затвор од пет години и 11 месеци за сторени повеќе кривични дела „тешка кражба” по член 236 и „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори” по член 215 од Кривичниот законик.

Лицето e спроведенo во Полициската станица Ѓорче Петров за понатамошна постапка, по што ќе биде спроведено во надлежната казнено – поправна установа за издржување на казната.. 

Можете да прочитате

Приведен скопјанец, ја врзал сопругата за дрво во шума и ја тепал

Пациент скршил стакло на шалтер и нападнал вработени и полицаец во болницата во Тетово

Демографијата не се спасува со „мамо роди ми братче” – Левица предлага закон за отпис на 20% од станбениот кредит по новороденче