Утрински Весник
Македонија

Ковачевски: ЗНАМ се настанати во Белата палата

20.04.2024 Kovachevski 1.jpeg

Претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски од завршниот митинг вечерва во Центар се обрати и на членовите и функционерите од новоформираната партија ЗНАМ на Максим Димитриевски.

Ковачевски порача дека тоа се лажни социјалдемократи кои се воделе исклучиво од свои лични интереси.

„Вистинските социјадемократи се на овој плоштад, а не се вистински оние лажните кои се ујдисаа со наследниците на Ванчо Михајлов и планираат да им зададат удар на вистинските социјалдемократи. Овие социјалдемократи овде настанале во 1943 година, а оние социјалдемократи и оние кои лажно се претставуваат дека знаат што е социјалдемократија па затоа се крстиле ЗНАМ, тие се настанати 2021 година во белата палата на 200 метри од тука“ порача Ковачевски, додавајќи дека СДСМ е голема партија која носела тешки но државотворни одлуки.

Можете да прочитате

Стружанец со 2,5 промили алкохол во крвта предизвикал сообраќајна, полицијата го приведе

Автомобил се превртел кај Крива Паланка по удар во камен

Арбен Фетаи назначен за специјален пратеник за ЕУ