Утрински Весник
Македонија

Ковачевски: Ги зголемивме сите плати во државата

18.03.2024 Dimitar Kovachevski Kumanovo 3.jpeg
300x250 (7)

СДСМ и коалицијата многу напорно работеше во сите сегменти, благодарние на тоа имаме и зголемени плати и зголемени плати и намалена невработеност од 25 на 12,8% што е двојно намалување, порача во интервју за МТВ, лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски.

„Зголемување на минимланата плата, зголемување на социјалните додатоци на граѓаните за 300%, зголемување на платите во сите сегменти во општестовто. Но, јас сум дел од МК, граѓанин на Македонија, јас знам дека се уште е тешко, знам дека има се уште пензионери кој едвај крпат крај со крај, знам дека има родители кои некогаш ќе легнат и гладни за да им останат повеќе пари за децата кои што им бараат од сабалје. Затоа велам дека со програмата на СДСМ 2024 – 2028 ќе продолжи и зголемувањето на платите и зголемувањето на пензиите и намалувањето на невработеноста, и поддршката на индустријата која не постоеше до 2017 години. Ние прв пат ја воведовме таа ќе биде сега дуплирана. Ќе го зголемиме субвенционирањето во земјоделството и земјоделското производство. Поддршката за младите, поддршката за лицата кои прв пат влегуваат на пазарот на работна сила се со цел да ги постигнеме овие цели“ посочи Ковачевски.

Ss1

Тој најави дека СДСМ наскоро ќе ја промовира изборната програма на која како што рече тој, работеле околу 200 луѓе од различни области.

Ss1

Можете да прочитате

Ковачевски: СДСМ е партија направена од цврст материјал, ние и во потешки услови не сме се отажале

Мицкоски: Мобилизација и масовна излезност, колку повеќе гласаат, толку поголема ќе биде силата за промени

Битиќи: На 8-ми мај да се спротивставиме на политиките на поделби