Утрински Весник
Македонија

Ковачевски: Убеден сум дека граѓаните ќе се определат за европска Македонија

18.03.2024 Dimitar Kovachevski Kumanovo 3.jpeg

„Ние имаме план за Северна Македонија во Европа, ние преговаравме напорно 6 месеци со француското претседателство и со Бугарија, и со помош на нашите стратешки партнери добивме преговарачка рамка која што 17 години ја немавме“ рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски на дуелот со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на дуелот на Канал 5.

Тој додаде дека скринингот беше завршен за една и пол година, нешто што на нашите соседни држави им одзеде од две до две и пол години.

„1.000 професионалци беа организирани, беа поканети од ВМРО-ДПМНЕ да учествуваат, одбија, беа ангажирани 1.000 професионалци во 100 тимови, часови и часови презентации и состаноци во Брисел и добивме позитивен извештај за билатералниот скрининг“ рече Ковачевски.

Претседателот на СДСМ додаде дека билатералниот скрининг е првата фаза од преговорите со ЕУ, по што следуваат уставните измени.

„На овие избори граѓаните ќе се определат дали се за европска Македонија, јас сум убеден дека ќе се определат дека се за европска Македонија и кога на 8ми мај ќе ги видиме резултатите тогаш ќе биде јасно дека Македонија ќе ја спроведе својата обврска и дека ќе ги отвориме преговорите со ЕУ по поглавјата“ рече Ковачевски.

Можете да прочитате

И амбасадорот во Романија, Жерновски, повикан на консултации во МНР

На Табановце за влез во државата се чека околу еден час

Полицијата веднаш го пронајде – Виктор е најден во Кирамидница