Утрински Весник
Економија

Ковачевски: Очекувано е намалување на цените на основните прехранбени производи со антикризните мерки

Ковачевски: Очекувано е намалување на цените на основните прехранбени производи со антикризните мерки

Премиерот Димитар Ковачевски денеска во Штип ја посети фабриката за масло „Брилијант“ чие производство е рестартирано од страна на АД „Витаминка“.

dobivaj vesti na viber

„Во овој период на тешка економска криза домашните капацитети за производство на основни прехранбени производи меѓу кои и маслото за јадење, се ставени во полн капацитет, а мерките кои што беа донесени од Владата имаат за цел да се избегнат ценовните шокови и да се заштити животниот стандард на граѓаните. Токму во таа насока Владата изминатиот период донесе одлуки за повластена тарифа на електрична енергија пониска од берзанската, со што влијаеме на намалувањето на цените на основните прехранбени производи“, соопшти премиерот.

Ќе повторам, додаде Ковачевски, дека никој нема да биде оставен сам да се справува со последиците од кризата оваа зима и дека институциите посветено работат на изнаоѓање на решенија за предизвиците кои се наметнаа за економската и енергетската криза.

„Би напоменал дека за компаниите од прехранбениот сектор најважно е да имаат домашна суровина, затоа ставаме силен фокус на зголемување на примарното земјоделско производство. Конкретно во случајот на домашното производство на сончоглед. Обезбедивме и продолжуваме да обезбедуваме во иднина навремена исплата на субвенциите и други мерки за зголемување на површините за производство на земјоделски производи“, додаде Ковачевски.

Информираше дека оваа година пред почетокот на новата сеидбена сезона за сончогледот Владата ги има исплатено субвенциите, за да можат, како што рече, земјоделците навреме да сеат, за да имаат пари за производствените трошоци.

„Како што реков, струја, енергенси и храна, мора да има, за сите. И на тоа секојдневно и активно работиме, и така и ќе биде и во иднина“, потенцира Ковачевски.

Можете да прочитате

Ангеловска-Бежоска: Родовата еднаквост не само квантитативно, туку и квалитативно ќе го поттикне економскиот раст

(Видео) Деспотовски за „Реално“: Во последните три години имаме две милијради инвестиции, а бројот на вработени во ТИРЗ го зголемивме тројно

Награда и признание за Азески од Универзитетот „Гоце Делчев”-Штип”