Утрински Весник
Свет

Парада на Црвениот плоштад во Москва

Image 2026 05 09 103023929.png

Русија денеска со воени паради и државни церемонии го одбележува Денот на победата над фашизмот, а централниот настан традиционално се одржува на Црвениот плоштад во Москва. Сепак, годинашната парада се разликува од претходните, бидејќи на неа нема да продефилира тешка воена техника, ниту ќе учествуваат дел од кадетите и питомците од воените училишта.

Од руското Министерство за одбрана велат дека „отсуството на опрема и некои единици од воените училишта е последица на „актуелната оперативна ситуација“ во Украина“.


Наместо механизирани колони, во парадата учествуваат единици на руските вооружени сили и студенти од воените академии, додека над Москва е најавен и прелет на борбени авиони.

Покрај во главниот град, паради и свечености се одржаа и во повеќе руски градови, меѓу кои Владивосток, Новосибирск и Хабаровск, каде маршираа илјадници војници, кадети и членови на младински патриотски организации.

Рускиот претседател Владимир Путин денот го минува со низа државни активности. Освен говорот на Црвениот плоштад, предвидени се средби со странски делегации и билатерални разговори во Кремљ.

Можете да прочитате

Европратеници бараат создавање одбранбен сојуз и независност од НАТО

Трамп изјави дека сака подолг прекин на огнот во војната меѓу Русија и Украина

Зеленски го потврди тридневното примирје со Русија и размената на 1.000 затвореници