Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Костадиновска-Стојчевска: Заедно со младите литерати го чуваме јазичниот простор, свесни за силата на македонската книжевност

Filoloski1.jpg
300x250 opst2

Министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска денеска присуствуваше на студентската вечер на македонската книжевност и култура „Непрочитано писмо”, на Катедрата за македонска книжевност и култура.

„Денеска новите генерации ми влеваат спокојство дека го чуваат јазичниот простор и се свесни за силината на македонскиот јазик и книжевност”, напиша министерката на својата Фејсбук страница, по настанот кој е дел од манифестацијата „Деновите на македонската литература на Филолошкиот факултет „Блаже Конески” при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје.

„Издаваштвото и афирмацијата на македонската книжевносте се повез на нашиот културен и национален идентитет. Книжевните архиви се нашата ризница со која го потврдуваме постоењето на македонското писмото и на јазикот”, пишува Костадиновска-Стојчевска.

Како што вели министерката за култура, студентите и младите се наследници на литературата која од памтивек ја создавале вредните пишувачки умови.

„Студентската вечер на Филолошкиот факултет ‘Блаже Конески’ е јасен став на младите дека заеднички продолжуваме да го афирмираме и штитиме јазикот, но и постојано да ја осовременуваме книжевноста”, вели Костадиновска-Стојчевска додавајќи дека Филолошкиот факултет „Блаже Конески” е природен бедем каде посветено се негува македонистиката.

Таа укажа дека Министерството за култура го препознава трудот на младите и современи автори и постојано ја дава поддршката на нивните проекти.

Манифестацијата која започна денеска со темата „Српскиот и македонскиот книжевен романтизам”, продолжува утре со предавања на професори од Нови Сад и од Љубљана, на теми:  „Како се предава македонската книжевност на Филозофскиот факултет во Нови Сад?”, и „Рецепцијата на расказот ‘Вампир’ од Петре М. Андреевски во Словенија: од превод до адаптација во музичко-раскажувачки перформанс”.

Можете да прочитате

Променливо облачно време со сончеви периоди, попладне со услови за слаб локален дожд

Премиерот Мицкоски ќе ја пречека претседателката на ЕК Урсула фон дер Лајен

Последни три дена од изборната кампања