Утрински Весник
Магазин

Џорџ Клуни доби „Златен лав” за животно дело во Венеција

Dhordh kluni.jpg

Американскиот глумец и режисер Џорџ Клуни го доби „Златниот лав” за животно дело на отворањето на 83-от Филмски фестивал во Венеција. Примајќи го признанието, тој рече дека луѓето, без оглед на јазикот и потеклото, делат исти грижи, соништа и емоции, како и дека уметноста и новинарството имаат важна улога во спротивставувањето на политиката на страв.

– Никој не се смее, никој не плаче на различни јазици. Родителите се грижат на ист начин, сите ние сонуваме на ист начин. Затоа е тешко да се поверува дека сите сме толку различни како што ни кажуваат. Живееме во време кога ни се вели дека треба да се плашиме едни од други, но тоа не е случај – изјави Клуни по примањето на наградата. Шегувајќи се за наградата, Клуни рече дека кога ја добил веста за признанието, прво помислил: „Каква чест“… Но, потоа: – Можеби тие знаат нешто што јас не го знам, дали разговарале со моите лекари?

Овогодишниот 83. Венециски филмски фестивал, којшто беше отворен со филмот „Мастило“ (Ink) од британскиот режисер Дени Бојл, ќе се одржи од 2 до 12 септември, а во тие 10 дена ќе ги собере познатите режисери, филмски ѕвезди и автори чии дела зборуваат за општествените и политичките поделби на современиот свет.

Фестивалот се одржува на венецијанското Лидо, и оваа година се стреми да биде повеќе од филмски фестивал, претставувајќи простор во којшто киното се обидува да разбере и да ја покаже насоката во која се движи светот. 

Можете да прочитате

Сите што купиле влезници за Дејвид Гета треба да ги заменат со нараквици од утре во Градски парк

Долговите наскоро би можеле да станат минато за овие четири хороскопски знаци

Човештвото чекор поблиску до неограничена чиста енергија