Утрински Весник
Балкан

Вартоломеј повика на заеднички датум за празнување на Велигден

Ii 1.webp.webp

Севселенскиот патријарх Вартоломеј денеска ги повика сите христијани заедно да го слават Велигден.

Патријархот изрази надеж дека ќе може да се постигне договор за заеднички датум веќе следната година, кога на 20 април ќе се слави Велигден и според Грегоријанскиот и според Јулијанскиот календар.

– Го молиме Господа прославата на Велигден следната година на 20 април на двата календара да не биде само случајност, туку почеток на единствен датум за неговото одбележување и од источната и од западната христијанска црква, рече Вартоломеј, пренесе „Католичка култура“

Можете да прочитате

Мирен протест во Атина против уставните измени за државните службеници и приватните универзитети

Бугарија се повлече од коалицијата за помош на Украина

Потврдено обвинението против обвинетите за трагедијата на железничката станицата во Нови Сад во 2024 година