Утрински Весник
Балкан

Косовско МНР: Ослободен заменик директорот на косовската полиција Јанковиќ кој беше уапсен во Србија

20240419073055 Big 730x400 64.webp.webp
Ss2

Министерството за надворешни работи и дијаспора на Косово соопшти синоќа дека заменик-директорот на косовската полиција Дејан Јанковиќ е ослободен од српските власти, откако во средата беше уапсен на границата меѓу Косово и Србија, јави дописникот на МИА од Приштина.

Јанковиќ од средата се наоѓаше во притвор во Рашка, југозападна Србија, откако претходно истиот ден беше приведен на граничниот премин Јариње меѓу Косово и Србија.

Ss1

Во синоќешното соопштение на косовското МНР се вели дека тој е на пат за Косово.

„МНР ја информира јавноста дека претставникот на канцеларијата на Република Косово во Србија, амбасадорот Јетиш Јашари, потврди дека заменик директорот на косовската полиција Дејан Јанковиќ штотуку е ослободен и е на пат за Косово.

Во иднина ќе бидете известени за повеќе детали“, се вели во соопштението објавено синоќа на Фејсбукот на МНР.

Шефицата на косовската дфипломатија, Доника Гервала апсењето на Јанковиќ го нарече „очајнички чин на одмазда од Србија по масовното гласање на Парламентарното собрание на Советот на Европа“ за прием на Косово во таа организација.

Косовските власти го осудија приведувањето на заменик директорот на полицијата, барајќи негово итно ослободување и одговор од меѓународната заедница.

Актот на српските власти го осудија и претставници на западните дипломатски претставништва и на ЕУ во Приштина, меѓу кои и германскиот амбасадор, Јорн Роде, кој рече дека ваквото однесување на Белград е „неприфатливо за држава која цели кон членство во ЕУ“.

Ss1

Можете да прочитате

Во Србија продолжува парламентарна расправа, се чека гласање за новата влада

Македонија е држава која во Србија секогаш може да најде партнер, порача Вучевиќ

Пороен дожд ја поплави Анкара