Утрински Весник
Свет

Косовски аналитичар: Косово ќе биде заложник на Србија додека таа не реши каде ќе оди во надворешната политика

Косовски аналитичар: Косово ќе биде заложник на Србија додека таа не реши каде ќе оди во надворешната политика
300x250 (7)

Косовскиот политички аналитичар Газмир Раци изрази скептицизам дека следната сабота, на 18 март, во Охрид, Србија ќе го потпише Европскиот договор за нормализација на односите меѓу Косово и Србија. Тој смета дека постои можност Србија во последен момент да го отфрли овој план.

dobivaj vesti na viber

Раци, кој беше во тимот на Едита Тахири кога таа го водеше дијалогот меѓу Приштина и Белград, вели дека на средбата во Брисел на 27 февруари Србија не го потпишала договорот, иако Косово било подготвено да го потпише.

300x250 (7)

„Сè уште сум скептичен. Може да се случи Србија во последен момент да одбие да го потпише тој документ, бидејќи во своите геополитички игри го вклучи прашањето за Русија и санкциите против неа поради Украина, и сака да добие повеќе од меѓународната заедница преку овој план за Косово“, изјави Раци за „Газета Блиц“.

Тој смета дека „меѓународната заедница овојпат треба да биде многу јасна со Србија“, бидејќи ако Србија нема интерес да се врати на Запад, тогаш Косово не може да биде „заложник“ додека Србија не одлучи каде ќе оди во надворешната политика.

„Важно е Косово целосно да се усогласи со американските и европските позиции, па би било добро планот да биде усвоен на 18 март, бидејќи се вели дека од 20 до 24 март шефовите на државите на ЕУ ќе го одобрат тој документ, што е силна гаранција дека неодамнешните договори ќе бидат директно надгледувани од ЕУ и ќе бидат главната мерка на патот на Косово и Србија кон ЕУ“, рече Раци.

Ss1

Можете да прочитате

Стотина приведени на протест во Ереван поради разграничувањето со Азербејџан

Ирански рапер осуден на смрт заради поддршка на протестите

Аризона обвини 18 републиканци за обид да го променат резултатот од изборите во државата во 2020 година во корист на Трамп