Утрински Весник
Балкан

Косовската полиција влезе во експозитурите на банката „Поштенска штедилница“

20240520175016 Big 730x400 16.webp.webp

Косовската полиција влегла во Трезорот на банката „Поштенска штедилница“ и во нејзините пет други филијали во Северна Митровица, Лепосавиќ, Звечан и Зубин Поток, објавија локалните медиуми.

Според пишувањата на медиумите, косовската полиција соопштила дека за оваа акција има одобрение од Обвинителството и дека „врши контрола на работењето“.

На самото место се и припадници на ЕУЛЕКС и КФОР.

Заменик-командантот на косовската полиција за северниот регион, Ветон Ељшани за порталот KoSSev изјави дека на местото на настанот била присутна и даночната служба

Можете да прочитате

Во силното невреме во Словенија оштетени над 150 објекти, најпогодена Коменда

Бериша соопшти дека САД го избришале од листата на „непожелни лица“ на која беше ставен пред пет години

Вучиќ: Наскоро поднесувам оставка, размислувам за кандидатура за премиер