Утрински Весник
Свет

Косовската полиција не дозволува влез на возила и пешаци во Косово

Косовската полиција не дозволува влез на возила и пешаци во Косово

Косовската полиција на преминот Јариње спречува влез на возила и пешаци во Косово, јавува репортерот на Косово онлајн од Јариње.

dobivaj vesti na viber

Влезот не е дозволен дури ни пеш.

Претходно денеска на преминот Јариње беше уапсен поранешниот полицаец Дејан Пантиќ, а поради неговото апсење беа поставени барикади кај Лепосавиќ и Рудар, а се собраа граѓани кои сакаат да го спречат неговото префрлање во Приштина.

На лице место се присутни и Еулекс и Кфор.

Косовската полиција соопшти дека е затворен и преминот Брњак.

Можете да прочитате

Русија: Германските ракетни системи се легитимни воени цели

Мелони руши рекорд: Нејзината влада е најдолготрајна од Втората светска војна

Владата на Мелони го собори рекордот за најдолговечна италијанска влада по Втората светска војна