Утрински Весник
Македонија

Кос: Македонија да го промени Уставот и потоа навистина да го забрзаме процесот

Kos.webp.webp

Новата еврокомесарка за проширување Марта Кос, во изјава за медиуми веднаш по одобрувањето на новиот состав на Европската комисија, очекува Северна Македонија да го промени Уставот, бидејќи, како што рече, тоа е нешто на коешто смета Европската Унија.

-Тоа е нешто на коешто сметаме. Ништо помалку, ништо повеќе. Верувам дека тоа е можно, и после тоа навистина да го забрзаме процесот, нагласи Кос.

На прашањето дали после тоа може да се дадaт гаранции дека нема да има други блокади, Кос рече дека таа не е онаа којашто може да даде одговор на тоа прашање.

Во однос на тоа како може да се реши проблемот со Бугарија, Кос рече дека треба да се разговара што е можно повеќе.

-Да се зборува, што е можно повеќе, и со Северна Македонија и со Бугарија. Мора да покажеме дека тоа е во наши раце, како да го решиме овој билатерален пролем. Без ова, а следејќи ги европските вредности, нема да можеме да го направиме она што е најдобро за ЕУ, и секако што е најдобро за Северна Македонија, рече Кос.

Таа оцени дека проширувањето денес е поинакво отколку пред пет години.

-Променета е геополитичката ситуација, динамиката на проширувањето денес е сосема поинаква. Постојат реални шанси во следните неколку години, да доведеме неколку држави до крај на процесот, за нивен влез во ЕУ. Не знам кои се тие држави, но ќе бидат оние кои ќе ги исполнат сите услови, нагласи Кос.

На прашањето дали 2030 година е реална за влез на Западен Балкан во ЕУ, таа кажа дека нејзиното назначување ќе биде позитивно за регионот.

– Моето назначување мислам дека е позитивно за Западен Балкан, ќе имам блиска и тесна соработка колку што е можно повеќе со државите, кои се подготвени да влезат во ЕУ, да ги посетам сите, навистина да работиме за нивен влез во ЕУ, истакна новата еврокомесарка за проширување и соседска политика.

Можете да прочитате

За новогодишна декорација Охрид ќе потроши 22 000 евра, а Струга 40 000 евра

Немате сила, ниту знаење, но поважно ја немате волјата на Албанците – Се огласи Груби по обвиненијата од Влен

Една училишна кујна е нерегистрирана, а четири се со недостатоци, утврдиле инспекторите на АХВ во Скопје