Утрински Весник
Економија

Компаниите растат ако има родова еднаквост на работното место

Компаниите растат ако има родова еднаквост на работното место

Во организација на Филип Морис Тутунски Комбинат Прилеп Д. О. О. Скопје, како членка на Алијансата за родова еднаквост при Асоцијацијата за е-трговија, во просториите на компанијата се одржа настан посветен на иницијативата која се стреми да придонесе за еднакви можности, еднаква застапеност и еднакво вреднување на трудот, и преку промовирање на важноста на родовата еднаквост, недискриминација и еднакви права и можности за сите, да се постигне поголема конкуретност, диверзитет и подобри бизнис резултати на компаниите.

dobivaj vesti na viber

Иницијативата има за цел поттикнување на создавање инклузивна култура, каде што без разлика на полот, и жените и мажите се вреднуваат за нивниот уникатен придонес во работната средина, што креира нови начини, синергии и платформи за решавање на критичните прашања кои влијаат на развојот на жените на работното место. Податоците покажуваат дека компаниите кои негуваат вклучување на жени на раководни позиции и промовираат еднаквост, ја зголемуваат ефикасноста и генерално покажуваат подобри резултати во работењето и практикувањето на политиките за општествена одговорност.

Василка Салевска Трајкова, Менаџер за екстерни прашања во Филип Морис Тутунски Комбинат Прилеп истакна дека ФМТКП е компанија која вистински е посветена на промени и затоа напредува.

„Во Филип Морис сме фокусирани кон тоа да бидеме основоположници на што е можно повеќе трендови. Се сметаме себеси за лидер во иновации и истражување во нашата индустрија и, компанија која високо ја издигнува благосостојба на вработените а со тоа и поголема продуктивност во бизнисот. Фокусирани сме на искористување на целосните капацитети на вработените, и водејќи се од квалитетот, успеавме да ги лоцираме најкомпетентните, најпрогресивните, најамбициозните и во таа вкупна бројка обезбедивме родов баланс, каде подеднакво има поделба на колеги и колешки. Ја препознаваме важноста од воспоставување култура која го слави секој вработен, ги охрабрува сите да го донесат најдоброто од себе на работа и обезбедува еднакви можности за сите. Благодарни сме што Алијансата за родова еднаквост нѐ препозна како такви!“, посочи Василка Салевска Трајкова.

На настанот се обрати и Министерката за труд и социјална политика, Јована Тренчевска.

„Секоја од вас верувам ја знае мојата посветеност на промовирањето на родовата еднаквост во нашето општество, на подобрувањето на условите за живот, но и личен развој на жените, за еднаква плата за жените, но и еднакви можности. Затоа ви се обраќам пред се како жена, жена која верува во моќта на жените, нивните капацитети и квалитети. Како министерка гордо би ви кажала дека жените се приоритет во секоја моја одлука, посебно кога станува збор за нивната интеграција на пазарот на трудот. Свесна сум за важноста на економското зајакнување на секоја жена во Република Северна Македонија“, нагласи Тренчевска.

Министерката истакна дека Министерството посветено работи на развивање на програми и мерки кои го поддржуваат вработувањето. Притоа, информираше дека, за нецели 2 години, преку мерките на Оперативниот план за активни програми и мерки, се вработиле 3370 жени, а со вештини и квалификации барани на пазарот на трудот се стекнале 6035 жени, односно речиси 10.000 жени се вработени или работно- оспособени.

Претседателката на Асоцијацијата за е-трговија на Македонија и Алијансата за родова еднаквост, Д-р Нина Ангеловска потенцираше дека компаниите треба да преземат водечка улога во промовирањето на родовата еднаквост на работното место, како и да бидат пример за другите.

„Среќни сме што сѐ повеќе компании ја увидуваат важноста на негувањето на родово еднаква култура на работното место и почнуваат да имплементираат активности кои придонесуваат за поурамнотежена застапеност на двата пола на сите нивоа и позиции, еднаква плата и еднакви можности за напредок во компаниите. Особено нѝ е драго што Алијансата веќе има 10 компании кои се нејзини партнери и поддржувачи, меѓу кои и Филип Морис Тутунски Комбинат Прилеп, кои ќе играат активна и водечка улога во промовирањето на родовата еднаквост во нашето општество“, истакна Ангеловска во поздравното обраќање.

(ПР)

Можете да прочитате

Битиќи: На ВМРО-ДПМНЕ им е непријатно кога гледаат како платите растат

СДСМ најавува седумчасовен работен ден во три сектори од 2025

Битиќи: Во најмалку три сектори ќе се воведе 7-часовен работен ден