Утрински Весник
Спорт

„Коцкестите“ со рехабилитација против САД, Норвешка без мака со Аргентинците

„Коцкестите“ со рехабилитација против САД, Норвешка без мака со Аргентинците

Аргентина и Македонија влегуваат во последното коло од групната фаза на СП во Полска и Шведска со два порази, откако Норвешка, очекувано стигна до лесна победа над јужноамериканската репрезентација од 11 гола разлика – 32:21.

dobivaj vesti na viber

Сагосен, Род и Бартолд постигнаа по пет гола за Норвешка, додека аргентинскиот капитен Диего Симонет заврши со седум постигнати гола.

Хрватска пак, по најзасрамувачкиот пораз во своите настапи на СП, тој од Египет во првото коло, се рехабилитираше со убедлива победа од 40:22 над Американците и сега ќе оди на победа над Мароко за да го обeзбеди второто место во групата Г.  Американците се „држеа“ во игра само до 5:5 резултат, по што „коцкестите“ целосно ја преземаа контролата. Седум голови за Хрватска постигна поранешниот вардарец, Игор Карачиќ, а Јосип Шарац одаде шест, а кај Американците Гери Хајнс со шест гола беше прогласен за најдобар играч на мечот.

СП РАКОМЕТ 2023
ГРУПА Е
Германија – Србија 34:33 (19:17)
Катар – Алжир 29:24 (12:11)

ГРУПА Ф
Македонија – Холандија 24:34 (11:18)
Норвешка – Аргентина 32:21 (16:12)

ГРУПА Г
Египет – Мароко 30:19 (13:9)
Хрватска – САД 40:22 (20:10)

ГРУПА Х
Белгија – Тунис 31:29  (17:16)
Данска – Бахреин 36:21 (16:9)

Можете да прочитате

Влаховиќ ја разбуди „старата дама“

Алкалоид без проблеми ја преслуша Струга

Зидан и Баерн се пред крај со преговорите за отпочнување на четиригодишна соработка