Утрински Весник
Македонија

Коцевски за 4TV: Жалосно е што при толку жртви никој не признава вина за пожарот во Кочани

Screenshot 20260316 2206212.jpg

Жалосно е што е еве и сега во оваа постапка никој не признава вина туку секој ја префрла вината на друг или пак на оние кои се покојни што е за неверување и тоа е таа ерозија за која зборувам, порача во „Ноќно студио“ на 4TV екс јавниот обвинител Љупчо Коцевски.

„Гледате и сега во процесот, при толку толку жртви и такви пропусти, секој вика јас не сум крив, што за сите нас е можеби несфатливо“ посочи тој.


Коцевски истакна и дека Македонија како мала држава се соочила со бројни трагедии како потонувањето на бродот во Охрид, модуларната болница во Тетово, поплавите во Стајковци, Беса Транс во Бугарија и други, но дека по секоја таква трагедија речиси и ништо да не се менува.

Можете да прочитате

САД пренасочуваат воена помош од Македонија кон Латинска Америка

Македон Димитровски примен во престижната програма за талентирани млади на „Џонс Хопкинс“

Апасиев ја објави отфрлената пријава за закана: „Да собираме пари за погреб на Апасиев”, „смрт”, „бензин и кибрит” за Обвинителството биле политички говор