Утрински Весник
Спорт

Клоп: Ништо не направивме како што треба

Клоп: Ништо не направивме како што треба

Само шест дена откако го совлада Манчестер Јунајтед со 7:0 и беше главна спортска тема на неделата, Ливерпул повторно непријатно ги изненади своите навивачи.

dobivaj vesti na viber

Избраниците на Јирген Клоп загубија со 1:0 на гостувањето кај Борнмут, а решавачкиот гол падна во 28. минута кога прецизен беше Филип Билинг.

„Секако дека не сум задоволен. Што да кажам? Во ниту еден момент немавме контрола во натпреварот. Не направивме ништо како што треба. Имавме толку многу простор, но не искористивме ништо од тоа. Не знаевме да извршиме притисок врз тим кој толку многу брани. Тие секогаш го прават истото, но ние не го искористивме тоа. Имавме пенал, промашивме и тоа е тоа“, изјави тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп.

Можете да прочитате

Над три милиони луѓе во салите ги следеа натпреварите од регуларниот дел од Евролигата

Италија го обезбеди петтото место во Лигата на шампионите

Дождот направи хаос, Норис пред Хамилтон и Алонсо на пол-позицијата за спринт-трката во Шангај