Утрински Весник
Спорт

Клиперси го преживеаја рафалот на Кари, Ембид повторно броеше преку 30

Клиперси го преживеаја рафалот на Кари, Ембид повторно броеше преку 30

Стеф Кари и Џоел Ембид ја обележаа изминатата ноќ во НБА лигата. Кари постигна 50 поени, а Ембид 36.

dobivaj vesti na viber

Актуелните шампиони, Голден стејт Вориорс не успеаја да ги победат ЛА Клиперс. Во локалното дерби, тимот од ЛА славеше со 134:126. Кари постигна 50 поени, но не доби адекватна помош од соиграчите. На спротивната страна се издвоија Каваи Ленард со 30, Пол Џорџ со 24 и Ивица Зубац со 19 поени и 16 скока.



Во дербито на истокот на гостински терен, Филаделфија ги победи Кливленд Кавалирс со 118:109. Сиксерси ја забележаа шестата победа во низа, а Џоел Ембид седми натпревар по ред постигна преку 30 поени.

Камерунецот мечот го заврши со 36 поени (12/19 од поле), 18 скока и 3 асистенции, Џејмс Харден имаше 28 поени, 6 скока и 12 асистенции.

Резултати:

Кливленд – Филаделфија 109:118
Мајами – Мемфис 138:119
Чикаго – Сакраменто 114:117
Хјустон – ЛА Лејкерс 114:110
Минесота – Бостон 102:104
Сан Антонио – Далас 128:137 пр.
ЛА Клиперс – Голден Стејт 134:126

Можете да прочитате

Фулкруг двоен стрелец за Германија против Перу

Реновираната Шпанија блесна против Норвешка, Велс ја изненади Хрватска на „Пољуд“

Ново признание за Меси, репрезентативната база на Аргентина ќе го носи неговото име