Утрински Весник
Македонија

Клиника за кардиологија: Поплавена беше една сала, санирана е, па на пациенти направена им е интервенција

Поплави на Кардиологија: вода навлегла во подрумите каде што се салите за интервенција

Како последица од поројниот дожд се појавила вода во само една просторија, велат од Клиниката за кардиологија.

dobivaj vesti na viber

Од тука истакнуваат дека просторијата била веднаш нотирана и санирана, по што на двајца пациенти со акутен инфаркт им е направена интервенција.

„Сите сали за интервенција работат во стандардни услови и по стандардни протоколи“, велат од Клиниката за кардиологија.

Претходно Центарот за управување со кризи објави дека подрумските простории на Клиниката за Кардиологија се поплавени, каде што се сместени салите за интервенција.

Можете да прочитате

Пронајдена марихуана во контејнер на фабрика за масло од канабис во Вевчани

Филков пред амбасадорите на ЕУ: Реформите во правосудството се наш врвен приоритет

ДНК-докази клучни во обвинението против судијата Ристов за заѕиданите 350.000 евра