Утрински Весник
Магазин

Климатските промени предизвикуваат генетски промени кај поларните мечки

Aa18l2bv.jpg

Климатските промени и зголемувањето на температурите доведуваат до генетски мутации кај поларните мечки на југот на Гренланд, покажува ново научно истражување. Овие промени се еден од начините на кои мечките се обидуваат да се прилагодат на потоплите услови и на намалувањето на морскиот мраз.

Според студија објавена во списанието „Mobile DNA“, изолирана популација поларни мечки во најтоплиот дел на Гренланд активира таканаречени „скокачки гени“, кои овозможуваат побрзи промени во ДНК. Истражувачите наведуваат дека ова може да им помогне да преживеат во средина со сè помалку мраз.

Анализата на ДНК од 17 мечки покажала дека кај оние од југоистокот има промени во гените поврзани со топлотен стрес, метаболизам и обработка на масти важни фактори кога храната е ограничена. Иако резултатите укажуваат на одредена способност за адаптација, научниците предупредуваат дека климатските промени и натаму претставуваат сериозна закана за опстанокот на поларните мечки.

Можете да прочитате

„Нетфликс“ до 2028 година ќе вложи приближно 200 милиони долари во турските продукции

„Заедно знаеме повеќе“ – предавања за детска исхрана и научна работилница за деца

Митровденска задушница – спомен за починатите