Утрински Весник
Македонија

Клековски: Трансформацијата на здравството мора да се почувствува на патот на пациентот

Fb img 1791288147998.jpg

Министерот за здравство Сашо Клековски денеска се обрати со воведно обраќање на извршната тркалезна маса „Градење одржлив, достапен здравствен систем ориентиран кон пациентите”, во организација на Холандската стопанска комора во Македонија. На неа учествуваа креатори на политики, даватели на здравствени услуги, клинички експерти, финансиски и меѓународни чинители и претставници на индустријата.

По министерот Клековски, поздравно обраќање имаше извршниот директор на Холандската стопанска комора, Боб Смит, кој официјално го отвори настанот.


Дискусијата беше организирана во три сесии:

  • трансформација на здравството и патеки на грижа — како преку поинтегрирана и покоординирана грижа да се подобрат резултатите за пациентите, од превенција и дијагноза до лекување, рехабилитација и долгорочно управување со хроничните заболувања;
  • здравствена еднаквост и пристап — регионалните разлики во пристапот, предизвиците со кадарот, дигиталното поврзување меѓу здравствените институции и кардиоваскуларната грижа како пример за подобро упатување и координација.
  • одржливо финансирање, партнерства и модернизација на здравството — како ефикасно да се инвестира во инфраструктура, технологија и услуги, со подобро планирање и искористување на постојните капацитети и со долгорочна одржливост;

„Секое вложување во опрема, објекти и дигитализација го мериме со едно прашање — дали пациентот побрзо доаѓа до дијагноза и лекување и дали добива иста грижа без разлика каде живее. Не е важно само колку инвестираме, туку колку ефикасно инвестираме — со јасни приоритети, со подобро искористување на она што веќе го имаме и со партнерства што носат вредност за јавното здравство”, изјави министерот Клековски.

Можете да прочитате

ОЈО бара притвор за двете финансиски раководителки во Државна Лотарија

Турски државјанин измамил тетовец за 3000 евра

Саша Богдановиќ со нова партија, Српската демократска лига го одржува првиот изборен Конгрес