Утрински Весник
Македонија

Саша Богдановиќ со нова партија, Српската демократска лига го одржува првиот изборен Конгрес

Sasa bogdanovic izjava1 scaled 1.jpg

Поранешниот градоначалник на Општина Центар од редовите на СДСМ, Саша Богдановиќ, се враќа на политичката сцена со нова партија – Српска демократска лига.

Новиот политички субјект на 9 октомври 2026 година ќе го одржи својот прв изборен Конгрес, со почеток во 18 часот, во Малата сала на Филхармонијата во Скопје.


Според најавата за настанот, во свечениот дел пред присутните ќе се обрати претседателот на Српската демократска лига, Саша Богдановиќ, а предвидени се и поздравни обраќања на гости и партнери на партијата.

Богдановиќ е поранешен градоначалник на Општина Центар и поранешен функционер на СДСМ. На локалните избори во 2017 година беше избран за градоначалник како кандидат на СДСМ, а претходно беше претседател на општинската организација на партијата во Центар и директор на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“.

Уште во март годинава Богдановиќ јавно најави формирање на Српската демократска лига, посочувајќи дека тој ќе биде нејзин претседател. Тогаш изјави дека името на партијата се поврзува со политичкото организирање на Србите на овие простори од почетокот на минатиот век.

Во интервју дадено во март, Богдановиќ порача дека новата партија нема да се обраќа исклучиво до припадниците на српската заедница, туку ќе бара поддршка од граѓани од сите етнички заедници.

Со првиот изборен Конгрес на 9 октомври, Српската демократска лига треба формално да ги претстави своите партиски структури и политичкото делување.

Можете да прочитате

Уапсен арачиновец во Липково, превезувал огревни дрва без документација

Над 4.500 спорни корисници на социјална помош – Пари се исплаќале и за починати и иселени

ОЈО бара притвор за двете финансиски раководителки во Државна Лотарија