Утрински Весник
Свет

Ким Џонг-ун го надгледуваше тестирањето дронови произведени во Северна Кореја

20240826071343 Big 730x400 53.webp.webp

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун во текот на викендот надгледуваше тестирање на беспилотни летала развиени во земјата, објави севернокореејската агенција КЦНА.

Севернокорејскиот водач го посети Институтот за беспилотни летала на севернокорејската академија за одбранбени науки и учествуваше во успешното тестирање на беспилотни летала кои идентификуваат и уништуваат одредени цели откако летаа по различни претходно поставени рути, објави КЦНА.

Ким, истовремено, повика на производство на повеќе беспилотни летала – дронови – што ќе ги користат тактичката пешадија и единиците за специјални операции, како што се подводно оружје за уништување и беспилотни летала за стратешко извидување и повеќенаменски напади.

КЦНА, исто така, пренесе дека Ким наредил и дополнителни тестови за борбена употреба на беспилотни летала со цел да се опреми севернокорејската армија со ова оружје што е можно поскоро.

Севернокорејските власти ги зајакнаа тактичките воени способности, вклучително и ракети со краток дострел и тешка артилерија со цел да го нападнат Југот, сето тоа откако направија голем напредок во балистичките ракети со долг дострел и нуклеарните програми.

Можете да прочитате

НАТО: Поддршката за Украина продолжува

Израел прифати примирје со Хезболах

Телефонски разговор Трудо-Трамп – 24info.mk