Утрински Весник
Македонија

Мицкоски објави фотографија со државниот секретар на САД Рубио

20aea08e 8403 8222 3bab 27135e3bc4a5.jpg

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, во рамки на престојот во Њујорк истакна дека имаше можност да разговара со државниот секретар на Соединетите Американски Држави, Марко Рубио, посочувајќи дека ваквите разговори имаат особено значење за односите меѓу Македонија и САД.

„Во Њујорк разговарав со државниот секретар на Соединетите Американски Држави, Марко Рубио. Овие разговори имаат особено значење и претставуваат потврда на важноста на стратешкото партнерство и континуираниот политички дијалог со Соединетите Американски Држави”, истакна Мицкоски.


Тој посочи дека директната комуникација на високо политичко ниво е важна можност за размена на ставови за прашањата од заеднички интерес, продлабочување на билатералните односи и натамошно зајакнување на позицијата на Македонија како стабилен и доверлив сојузник.

„Во период на сериозни геополитички предизвици, силните партнерства и отворениот дијалог со нашите стратешки сојузници имаат уште поголема тежина. Македонија има јасни државни интереси и продолжува достоинствено и принципиелно да ги застапува заедно со нашите стратешки партнери”, нагласи претседателот на Владата.

Мицкоски порача дека Владата продолжува да работи на натамошно унапредување на односите со Соединетите Американски Држави и на отворање нови можности за соработка.

„Продолжуваме да го јакнеме македонско-американското стратешко партнерство и да создаваме нови можности”, истакна Мицкоски.

Можете да прочитате

ГОЛЕМА ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА: Претреси во Скопје, Тетово и Гевгелија, неофицијално шестмина уапсени

Газда Деко понудил имот вреден 200.000 евра како гаранција дека нема да избега

ЛДП: Владата транспарентно да објави сѐ за мисијата на Фетаи во Брисел