Утрински Весник
Скопје

КХС синоќа подигнала 60 кубни метри отпад

Viber Image 2024 11 26 08 53 09 869.jpg

Во текот на вчерашниот ден и минатата ноќ, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје подигнаа и транспортираа приближно 60 кубни метри непрописно одложен отпад од јавни и сообраќајни површини во скопските општини Кисела Вода, Центар, Ѓорче Петров и Чаир.

На улицата Димо Хаџи Димов во општината Кисела Вода се подигнати 10 кубни метри непрописно одложен отпад од картонска амбалажа. Во општината Центар се расчистени неколку диви депонии лоцирани на булеварот Партизански одреди и улицата Даме Груев.

Интервенирано е и кај црквата Св.Ѓоргија во месноста Криви Дол, зад скопското Кале, каде што е отстранета дива депонија од самиот влез во црквата.

Екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје во текот на вчерашниот ден подигнаа и приближно 20 кубни метри кабаст отпад одложен долж булеварот Македонско-косовска бригада во општината Чаир, како и 15 кубни метри мешан комунален отпад и автомобилски гуми одложени на улицата Борис Сарафов во скопската општина Ѓорче Петров.

Можете да прочитате

Скопјани утре ќе протестираат за чист воздух

Без вода утре населба Крњево

Протест во Сингелиќ поради прекин на струјата, од ЕВН велат дефектот е поради нелегални приклучувања