Утрински Весник
Балкан

Хрватска ќе инвестира 2 отсто од БДП за одбрана во историска модернизација на војската

20241127103652 Big 730x400 61.webp.webp

Владата на Хрватска спроведува „историска модернизација на хрватската војска“, изјави министерот за одбрана Иван Анушиќ, нагласувајќи дека следната година Хрватска ќе достигне издвојување од 2 отсто од БДП за одбрана и 29 отсто за модернизација, како што бараат актуелните стандарди на НАТО.

Анушиќ ова го изјави синоќа на трибината „Безбедносни и геополитички предизвици на светскиот поредок“ во Загреб, нагласувајќи дека Хрватска и Европската Унија мораат да бидат подготвени и со јасен став за прашањата за одбрана и безбедност во услови на криза.

– Безбедноста има своја цена. Мирот не е загарантиран, туку во него треба да се вложува, а Владата и Министерството за одбрана токму тоа го прават преку историска модернизација и опремување на хрватската војска, рече Анушиќ.

Тој додаде дека вложувањето во одбрана е вложување во мир и слобода, и дека новата техника и оружје се набавуваат за да се обезбеди подготвеност за одвраќање на заканите и да се спречи повторување на искуствата од 90-тите години, пренесе ХРТ.

Можете да прочитате

Бугарија може да го запре транзитот на рускиот гас кон Србија

Стејт департментот на САД го прогласи Алтин Думани за антикорупциски шампион

Лепа Брена итно оперирана: Снимен моментот кога камерманот падна врз пејачката