Утрински Весник
Спорт

Касемиро да не ти бил Касемиро

Касемиро да не ти бил Касемиро

Ѕвездата на Манчестер јунајтед, Касемиро открива дека цела професионална фудбалска кариера ја игра со погрешно напишано име на своите дресови. Во интервју за „Фудбал фокус“, тој открива дека го заддржал името само поради неговото суеверие.

dobivaj vesti na viber

„Работата е во тоа што моето вистинско име е Карлос Хенрике Касимиро (Carlos Henrique Casimiro), со ‘И’. Но, кога почнав со Сао Пауло, клубот ми го згреши името и го напиша со Е. Играв навистина добро во тој меч, и бидејќи сум суеверен човек, им кажав да го остават така бидејќи работите одеа навистина добро. Името остана. Тоа беше грешка за еден меч“, вели Касемиро.

Можете да прочитате

Меси донираше 80.000 евра за обнова на опожарениот регион Мадрид

Скопје и Гевгелија од четврток домаќини на ЕП за кошаркари до 16 години

Успешен старт на Ѓорческа во Лајпциг