Утрински Весник
Македонија

Савески на средба со експертски тим од Словенечката развојна академија

Image 2026 09 18 213715009.png

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Ненад Савески денеска оствари средба со експертски тим од Словенечката развојна академија во состав: Андреја Долничар Јерај, програмска и извршна директорка, Јоже Левашич, виш државен обвинител во Р. Словенија, д-р Татјана Драговиќ, експерт за учење кај возрасни и развој на професионални компетенции во правосудството и органите за спроведување на законот, како и Дамјана Слапар Буркат, експерт за примена на методи за утврдување на имотната состојба во финансиски истраги.

На средбата беа разгледани можностите за  идната соработка меѓу Словенечката развојна академија и македонското Јавно обвинителство, со фокус на пошироките потреби на обвинителската служба и другите надлежни институции во контекст на реформските процеси за пристапување кон ЕУ.


Притоа беше ставен акцент на приоритетите како што се финансиските истраги и конфискацијата на имот стекнат со кривично дело, вештачката интелигенција и малолетничката деликвенција и трговијата со деца.

Можете да прочитате

Сиљановска-Давкова ја прими претседателката на турската Црвена полумесечина

Марш, „Непокор.Борба.Иднина„ на СДСМ во Прилеп – 85 години антифашизам

Церемонија на менување на државното знаме во претседателскиот кабинет пред најмлади посетители