Утрински Весник
Македонија

Почина судијата Огнен Ставрев

Почина судијата Огнен Ставрев

На 63 години почина судијата Огнен Ставрев од скопскиот Кривичен суд. Тој 25 години судеше во двата скопски основни судови. Тој судеше значајни предмети кои се познати во јавноста како „Змиско око 1“, „Сопот“, „Фаланга 2“. Судијата Ставрев изрече низа пресуди и за предмети од СЈО, како што се „Титаник 2“, „ТНТ“, „Монструм“.

dobivaj vesti na viber

Огнен Ставрев е син на Драгољуб Сраврев, претседател на Претседателството на Социјалистичка Република Македонија (СРМ), претседател на Извршниот совет на СРМ, градоначалник на Скопје кога градот се обновуваше по земјотресот.

Судијата Огнен Ставрев изминативе години судеше во Одделението за организиран криминал и корупција. Поради здравствените проблеми кои ги имаше, последните месеци беше судија за извршување санкции.

Можете да прочитате

ДРАМАТИЧНА НОЌ ВО ПАЛИГРАД: Пожарот се приближува кон селото, пожарникарите остануваат на терен

ЕБР одбележа 25 години постоење, министерот Тошковски најави продолжување на модернизацијата и поддршката за единицата

Ангелов: Ова е еден од најтешките денови, активни се над 15 пожари на отворен простор