Утрински Весник
Магазин

Канје Вест ќе ѝ плаќа на Ким 200.000 долари месечно како алиментација

Канје Вест ќе ѝ плаќа на Ким 200.000 долари месечно како алиментација
Ss2

На Канје Вест му е наложено да ѝ плаќа на Ким Кардашијан 200.000 долари месечно како издршка за децата по завршувањето на бракоразводната постапка.

dobivaj vesti na viber

Раперот и реалити-ѕвездата ќе го делат старателството над нивните четири деца.

Ss1

Ким поднесе барање за развод во 2021 година, по осум години брак со Канје, кој го промени своето име во Је.

Во меѓувреме неколку компании ги прекинаа врските со Је поради бројни контроверзи, вклучително и антисемитски коментари.

Во март, Ким го смени брачниот статус и го исфрли Вест од своето презиме.

Прашањата околу поделбата на имотот и старателството над нивните деца се решени во судските документи поднесени во вторникот. Двете страни треба да се консултираат меѓусебно за важни одлуки за благосостојбата на нивните деца, се наведува во документите.

Поранешните сопружници ќе ги делат трошоците за безбедноста на децата, училиште и факултет.

Ss1

Можете да прочитате

Со долгорочната прогноза за летото се најавува забрзано опаѓање на топлиот циклус и пристигнување на ладниот

Во новата сезона на „Симпсонови“ убиен еден од важните ликови од серијата

Кина испраќа тројца астронаути во вселенската станица како дел од својата програма на Месечината