Утрински Весник
Економија

Како одговорното кредитирање ја зајакнува заштитата на граѓаните

Parite 37qcim4nwd2wawdd6qyxhc 960x528 1.jpg

Во услови на зголемена побарувачка за брзи и достапни финансиски средства, сè повеќе граѓани се одлучуваат за користење на кредити како начин за надминување на тековните финансиски предизвици или реализација на лични планови. Ваквиот тренд дополнително ја нагласува потребата од поголема финансиска едукација, транспарентност и сигурност во процесот на кредитирање, особено во делот на разбирање на условите и заштитата на личните податоци на граѓаните.

При земање кредит, најважното прашање не е само “колку пари ќе добијам”, туку и “дали сум сигурен во тоа што го потпишувам”.


Во пракса, многу граѓани се соочиле со нејасни договори, скриени трошоци или непредвидени обврски. Дополнително, сè почесто се отвора и прашањето за безбедноста на личните податоци и дали постои ризик некој да ги злоупотреби и да подигне кредит во туѓо име?

Токму затоа, концептот на одговорно кредитирање добива сè поголемо значење, како систем што не само што нуди јасни услови, туку и вистинска заштита за граѓаните. Тоа значи дека однапред знаете се. Колку пари земате, колку точно треба да вратите и во кој рок, без скриени трошоци, без ситни букви во договорите и без непријатни изненадувања. Одговорното кредитирање подразбира и внимателна проценка на финансиската состојба од страна на институцијата, со цел да се утврди колкав кредит реално можете да си дозволите. На тој начин, кредитот станува поддршка во остварување на вашите цели, а не финансиски товар.

Финансиското друштво Изи Фајнанс ја надградува оваа практика. Покрај транспарентноста, се применуваат и напредни механизми за проверка на идентитетот и заштита на личните податоци. Ова значи дека не може трето лице да подигне кредит во туѓо име без соодветна верификација.

“За нас, безбедноста не е дополнителна опција, туку воспоставен стандард во работењето на Изи Фајнанс. Како финансиско друштво кое има имплементирано целосен систем за заштита на клиентите, се трудиме на граѓаните да им понудиме повеќе од еден избор: финансиска поддршка која е безбедна, креирана согласно нивните персонални потреби и транспарентна”, порачуваат од Изи Фајнанс.

Кога знаете дека вашите податоци се заштитени, а условите јасни и транспарентни, тогаш кредитот не претставува ризик, туку вистинска поддршка.  Затоа, одговорното кредитирање не треба да се гледа како дополнителна вредност, туку како основен предуслов за доверба. Во време кога злоупотребата на лични податоци и нејасните финансиски практики се реален ризик, граѓаните имаат право на јасни правила, сигурна идентификација и целосна контрола врз секоја одлука што ја носат. Само преку ваков пристап, кредитирањето може да ја исполни својата вистинска улога,  да биде сигурна финансиска поддршка, а не извор на несигурност.

Можете да прочитате

Народната банка одбележува 34 години монетарна самостојност и 80 години централнобанкарскo работење

Вицегувернерката Митреска: Народната банка ја зајакнува поддршката за жените во економијата и претприемаштвото

Македонците најмногу трошеле онлајн за авиобилети и хотели