Утрински Весник
Македонија

Каевски: ДПМНЕ не може една амбасадорка да убеди а не Договор со ЕУ да промени

Интегрален текст од прес-конференција на Дарко Каевски, пратеник на СДСМ:

Почитувани граѓани, почитувани медиуми,

Доволни беа само неколку дена, помалку од една недела учество на ДПМНЕ во техничката Влада и на виделина излегоа сите нивни лаги заедно со нивната неспособност.

Министерот за внатрешни работи од ДПМНЕ јавно изјави дека не успеал да ја убеди амбасадорката на соседна Грција.

Затоа нема што да прави, не може да го реши проблемот со пасошите.

Замислете, многу „силната партија” ДПМНЕ не може една амбасадорка да ја убеди, нешто да смени.

Истите оние кои јавно велеа дека можат меѓународен договор да променат, дека може да го променат и францускиот предлог.

Ако една амбасадорка не можат да убедат од ДПМНЕ, како ќе убедат 27 земји членки на ЕУ да се смени преговарачка рамка?

Секако никако.

Не само поради тоа што го имаме најдобриот договор што можеше да го добиеме. Туку затоа што преговарачката рамка е одобрена и прифатена од 27 земји членки на ЕУ.

Цела Европа, сите претставници на меѓународна заедница веќе неколкупати ги посочи овие факти.

Се потврди она што го говоревме.

ДПМНЕ едно зборува пред да влезе во Влада после друго.

ДПМНЕ не може да направи ништо. Само ги лаже граѓаните.

Можете да прочитате

(Видео) Професор Додовски со поддршка за втор мандат на Пендаровски

Утрински Весник

167 санкционирани возачи во Скопје, 42 за брзо возење

Синоќа во Битола и битолско казнети 18 пијани возачи