Утрински Весник
Македонија

Каде е утринава најстудено, а каде наврна најмногу снег

Sneg.jpg

Утрово најстудно е на Попова Шапка, каде се измерени -7 степени Целзиусови, а има и најмногу снег – 37 сантиметри, информираат од УХМР.

Во Скопје-Петровец се измерени -4 степени, -3 во Куманово и Крушево, -2 во Скопје-Зајчев Рид, Штип, Велес, Прилеп, Демир Капија, Крива Паланка, Тетово и Маврови Анови, -1 во Струмица, Кавадарци, 0 Берово, Битола, Дебар и Претор и 1 степен во Охрид, Виница, Гевгелија.

Управата за хидрометеоролошки работи информира дека снежната покривка во Маврови Анови е 35 сантиметри, а во Крушево 15 сантиметри.

Времето денеска ќе биде променливо облачно, претпладне со услови за магла по одделни котлини. Попладне и во текот на ноќта ќе има врнежи од дожд, пообилни во западните делови (над 15 л/м2). На планините врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува слаб до умерен, а попладне вдолж Повардарието засилен ветер од југоисточен правец.

Максималната температура ќе достигне од 6 до 13 степени.

Во Скопје променливо облачно, претпладне со појава на магла. Попладне и во текот на ноќта ќе има повремени врнежи од дожд и ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер.

Максималната температура ќе достигне до 9 степени.

Можете да прочитате

Битиќи: Државата се соочува со потенцијален јавен долг од 13,4 милијарди евра, министерката за финансии не дојде да одговори

Тројца малолетници уапсени затоа што возеле без возачка

Возач на мотоцикл излетал од патот