Утрински Весник
Македонија

Кацарска заштеди 14 илјади евра, онлајн учествува на Светската конференција за уставна правда на Бали

Кацарска заштеди 14 илјади евра, онлајн учествува на Светската конференција за уставна правда на Бали

Претседателката на Уставниот суд Добрила Кацарска одлучи да учествува онлајн на Петтиот конгрес на Светската конференција за уставна правда во Бали, со цел судот да заштеди.

dobivaj vesti na viber

Како што наведуваат од судот, поради економската ситуација во земјава и мерките за штедење кои ги спроведува Судот, претседателката Кацарска одлучила во оваа прилика да не патува делегација на Уставниот суд поради трошоците кои изнесуваат околу 14 илјади евра и присуството на Конгресот во Бали се замени со онлајн учество.

Централна тема на Конгресот е „Ограничување на улогата на уставните судови во одржувањето на мирот”.

На сесиите кои се одржуваат се дискутира посебно за следните прашања: „Основни принципи: заштита на човековите права, демократијата и владеењето на правото како предуслов за мир“; „Апликации до уставните судови”; „Независноста на уставните судови (преглед)“; и „Базата на податоци на Венецијанската комисија”.

Конгресот се одржува од 4 до 7 октомври во Бали, Индонезија.

Светската конференција за уставна правда обединува 119 уставни судови и совети и врховни судови во Африка, Америка, Азија, Австралија/Океанија и Европа. Ја промовира уставната правда како уставна ревизија, вклучувајќи ја и судската пракса за човекови права – како клучен елемент за демократијата, заштитата на човековите права и владеењето на правото.

Можете да прочитате

Приведено и трето лице за убиството на докоторот пред поликлиниката во Железара

Тројца полициски службеници за несовесно работење во службата заработија кривични пријави 

Кривична пријава заработи лице кое заградило државно замјиште кај Бит Пазар и си наплаќал „арач“